Tрка за поседување луксузни недвижнини – Шанел купи зграда на престижна локација во Париз

Шанел купи зграда на авенијата Монтењ, популарна дестинација за шопинг во Париз, на само еден блок оддалеченост од Елисејските полиња.

Италијанскиот осигурител Generali беше продавач на имотот, објави Bloomberg. Купувањето на зградата на престижната адреса во Париз следи по другите набавки на имот минатата година во Париз и Лондон.

Поседувањето на сопствен простор за важна продавница може да ги заштити малопродажните компании од постојано зголемување на кириите и да го олесни оправдувањето на значителните трошоци потребни за уредување на бутиците и нивно претворање во дестинации каде што клиентите со големи апетити сакаат да поминуваат часови во шопинг.

Добро познатите играчи на пазарот на луксузни стоки, особено LVMH Moet Hennessy Louis Vuitton, инвестираа многу во трансформирањето на поранешните класични бутици во дестинации за уметност и храна.

На пример, LVMH ја отвори својата круна продавница на брендот Christian Dior на број 30 на венијата Монтењ пред повеќе од две години, а во неа се сместени музеј, ресторан, апартман за гости и градина, со учество на познати архитекти.

Авенијата Монтењ е топ дестинација за купувачите на луксуз, а некои од нив престојуваат во врвниот хотел Plaza Athenee, каде цените за ноќевање почнуваат од 2.500 евра нагоре.