Платформата Linkedin користи кориснички податоци за обука за вештачка интелигенција

18

Популарната платформа за барање работа Linkedin ненајавено ја ажурираше својата политика за приватност, која сега вели дека податоците на корисниците се користат за обука на модели за вештачка интелигенција (ВИ).
„Можеме да ги користиме вашите лични информации за да ги подобриме, развиеме производите и услугите, да развиеме и обучуваме модели за вештачка интелигенција (ВИ), да ги развиваме, да ги обезбедиме и персонализираме нашите услуги и да добиеме увид со помош на вештачка интелигенција“, се вели во ажурираните услови за приватност на Linkedin.

Корисниците кои не сакаат Linkedin да ги користи нивните приватни податоци може да ја отповикаат дозволата со одење на табот „Data Privacy“ и потоа кликнување на „Data for Generative AI Improvement“ и исклучување на оваа функција, пренесува порталот Verge.

Како што е наведено, ова исклучување „нема да влијае на веќе одржаната обука за вештачка интелигенција“, односно не ја откажува или санкционира претходната употреба на личните податоци на корисникот за развој на вештачка интелигенција.