
Европската комисија (ЕК) и кинеската влада се договорија да ги интензивираат преговорите за да спречат дополнителни увозни давачки од ЕУ за електрични возила произведени во Кина, соопшти ЕК.
Двете страни би можеле да го разгледаат и договорот за минималната цена, што ЕУ претходно го отфрли, објави Ројтерс.
Европскиот комесар за трговија Валдис Домбровскис и кинескиот министер за трговија Ванг Вентао зборуваа додека земјите од ЕУ се подготвуваат да гласаат за царини до 35,3 отсто, покрај стандардните увозни царини на Европската унија од 10 отсто за автомобили.











