Кои европски земји се најевтини за студирање: Една е од регионот

99

Европските земји се познати по квалитетно образование, богата култура и врвна технологија, но тие често се најскапите дестинации за студирање во странство, особено за студенти од земји кои не се членки на ЕУ. Како најповолни се издвоени Германија, Словенија, Грција, Естонија, Полска и Португалија.

Милиони студенти секоја година избираат да продолжат со високото образование во странство, а достапноста постојано се покажува како еден од основните фактори кои влијаат на нивниот избор. Затоа порталот Educations.com направи листа на најевтините земји за студирање во Европа.

Како што е наведено, на изборот влијаеле пет важни фактори: школарина за граѓаните на ЕУ/ЕЕА и Швајцарија, школарина за студенти кои не се членки на ЕУ/ЕЕА; трошоци за живеење (сместување, храна, превоз и сл.); достапност на стипендии, заеми и студии финансирани од државата; севкупниот квалитет на меѓународното студентско искуство, пренесува Н1.