Во мисија на убавината и здравјето – L‘Oréal

115

Nurun_LOreal_paris_Accueil_BorneTactile

Во далечната 1907 млад француски хемичар по име Јуџин Шулер создаде иновативна, безбедна боја за коса Aurelióne. Со ова започна целата историја на компанијата L’Oréal.

eugeneschuellerlabЈуџин продолжи да создава сопствени производи, како шампони, фарби за коса и сапуни кои потоа ги продаваше на париските фризери.

Две години подоцна, во 1909, тој ја регистрира својата компанија под името Société Francaise de Teintures Inoffensives pour Cheveux, што подоцна ќе стане L‘Oréal.

Двата принципа според кои компанијата се водеше и напредуваше низ годините беа истражувањето и иновацијата во име на убавината.

Уште еден клучен сегмент за успехот L’Oréal’s е добрата комуникација. Во времето кога рекламирањето беше се уште во зародиш, за презентација на своите производи L’Oréal користеше промотивни постери, кои се и ден денес обележје на компанијата.

L'Oréal_HQВо 1920 малата компанија вработуваше само тројца хемичари, бројка што во 50-те се зголеми на 100 вработени. Во 1984 истата достигна 1.000, а денес за успешната компанија работат 2.000  хемичари.

Основачот најпрво започна да ги дистрибуира своите производи во Холандија, Австрија и Италија, а потоа дистрибуцијата се прошири кон САД, Јужна Америка, Русија и Далечниот Исток.

iEPN8zRRIbMg

Најголемата козметичка компанија во светот денес произведува и дистрибуира фарби за коса, производи за нега на кожа, коса, за заштита од сонце, шминка и парфеми.

jean-paul-agon-et-liliane-bettencourtL‘Oréal е исто така активна во дерматолошки и фармацевтски истражувања.

На чело на компанијата како претседател и извршен директор стои Жан Пол Агон, додека Лилијен Битенкорт, ќерката на Јуџин, поседува најголем дел од акциите на компанијата.

Групацијата денес поседува повеќе од 500 брендови и над 2.000 различни производи во сите сегменти на бизнисот со убавина.

9dbc15799a511170dd06e9521ba7255cБрендовите се генерално категоризирани според нивните таргет пазари, масовна потрошувачка, професионални, луксузни и активни козметички пазари.

Производите на овие брендови можат да се најдат низ сите дистрибутивни канали, од салони за нега на коса, парфимерии, супермаркети, до продавници за нега и убавина и онлајн.

Lancome_NYC_Boutique_Exterior

Дел од брендовите на компанијата се: L’Oréal Technique, Matrix Essentials, Lancôme, Yves Saint Laurent, Giorgio Armani, Biotherm, Diesel, Helena Rubinstein, L’Oréal Paris, Garnier и Maybelline.

1016287_New_Volume_Million_Lashes_Mascara__F___8_

L’Oréal е позната по тоа што за потребите на своите рекламни кампањи вклучува познати имиња од шоу бизнисот, како актерки и пејачки.

Некои од најпопуларните и најубави жени се и светски промотери на производите на L’Oréal.

Моментално во групацијата работат околу 73.000 работници ширум светот, а ланскиот остварен приход изнесуваше 22,46 милијарди евра.