Маск сака да инвестира во Аргентина – Оваа земја е четврти по големина производител на литиум

140

Извршниот директор на производителот на електрични автомобили Тесла Илон Маск објави на социјалната мрежа Х дека сака да инвестира во Аргентина преку своите компании и со тоа да ја поддржи оваа јужноамериканска земја.
Аргентина е четвртиот најголем производител на литиум во светот, кој се користи во производството на батерии за електрични возила, пишува Ројтерс.

Претседателот на Аргентина Хавиер Мајли вчера во Њујорк се сретна со Маск.

И двајцата подоцна објавија фотографија од средбата на нивните профили на социјалните мрежи, заедно со повици за „слобода“ (libertad).

Маск и Мајли се сретнаа во Њујорк по трет пат во последните шест месеци.

Во мај тие разговараа на маргините на глобалниот самит на инвеститори во Лос Анџелес, додека Мајли претходно го посети седиштето на Tesla во Остин, Тексас, во април, објавија медиумите.