Раст на цените на куќите и на кириите во ЕУ во вториот квартал од 2024 година

20

Во вториот квартал од 2024 година, цените на куќите во Европската унија се зголемени за 1,9 отсто, а изнајмувањата за 0,7 отсто во однос на првиот квартал.

Споредено со вториот квартал од 2023 година, цените на куќите се зголемени за 2,9 отсто, а кириите за три отсто, објави вчера Евростат.

Цените на куќите и кириите во ЕУ следеа слична шема помеѓу 2010 и вториот квартал од 2011 година, но оттогаш се развија поинаку. Додека кириите постојано растеа, цените на куќите следеа попроменлива шема, комбинирајќи периоди на опаѓање проследени со брз раст. Помеѓу 2010 година и вториот квартал од 2024 година, цените на куќите се зголемија за 52 отсто, а кириите за 25 отсто.

Кога се споредуваат вториот квартал од 2024 година и 2010 година, меѓу земјите на ЕУ за кои се достапни податоци, цените на куќите се зголемија повеќе од кириите во 20 земји.

Цените на куќите се зголемени повеќе од тројно во Естонија (232 отсто) и Унгарија (218 отсто), а повеќе од двојно се зголемија во Литванија (178 отсто), Летонија (+146 отсто), Чешка (131 отсто), Австрија (111 отсто), Португалија ( 106 отсто), Луксембург (103 отсто) и Бугарија (102 отсто). Цените на куќите не се променија на Кипар, а паднаа во Италија (пет проценти).