АХВ со вонредни контроли на игротеките: Затворени 13 игротеки, осум не ги задоволувале хигиенските услови

97

АХВ со вонредни контроли влезе во 92 објекти.

16 игротеки во земјава служеле прехрамбени производи иако не биле регистрирани како оператори со храна, кај осум е утврдено дека не ги задоволуваат  хигиенските барања, односно дека немаат имплементирано процедури на добра хигиенска пракса.

Инспекторите утврдиле и дека дел од вработените немаат спроведено здравствени прегледи.

Со контролите било утврдено и отстапувања во поглед на безбедноста на храната, при што се запленети и уништени над 11 килограми млечни производи.

За утврдените недоследности издадени се 19 решенија, времено се затворени 13 игротеки, а на 32 изречени им се парични казни.