Топ 5: Кој електричен автомобил во Европа има најголем домет?

122

Британскиот весник “Daily Mail” направи листа на електрични автомобили со најголем домет на европскиот пазар, според нивните тестови, а не според податоците на “WLTP”.

Подолу ви ги пренесуваме Топ 5 електрични автомобили со најголем досег:

5. Peugeot E-3008 – досег од 591 км

За почеток, планирана е верзија со 210 коњски сили и батерија со капацитет од 73 kWh, што е доволно за автономија од 591 km со едно полнење. После тоа ќе пристигне “Long range” верзијата со 230 коњски сии и батерија од 98 kWh.

4. Volkswagen ID. 7 – 593 км

Почетната верзија, “Pro”, доаѓа со батерија од 77 kWh, но ако ја надградите на верзијата “Pro S” што наскоро ќе биде објавена, ќе добиете батерија од 84 kWh и подолг досег.

3. Tesla Model 3 – 593 km

“Tesla Model 3” и “VW ID. 7” всушност го делат третото место, а во овој случај тоа е “Model 3” од септември 2023 година, кој има голем број подобрувања и варијанта со долг дострел.

2. Polestar 3 – 596 км

Станува збор за луксузен теренец на шведскиот автомобилски бренд со вториот најдолг досег на европскиот пазар во моментов, чија “Long Range” верзија има 299 коњски сили.

1. Mercedes EQS – 654 km

Прв на оваа листа е електричниот лидер на “Mercedes” – тој е „брат“ на S-класата, а долгиот досег му се должи на големата батерија со капацитет од 108 kWh.