Путин: БРИКС игра значајна улога во глобалната економија, таа улога ќе расте

39

Здружението БРИКС игра значајна улога во глобалната светска економија и таа улога само ќе расте, изјави денеска рускиот претседател Владимир Путин.

„БРИКС веќе игра значајна улога во глобалната економија не само денес, но сосема е очигледно дека таа улога само ќе се зголемува во иднина“, рече Путин за време на говорот на бизнис форумот БРИКС, пренесува РИА Новости.

Тој посочи дека економскиот раст на земјите од БРИКС сè помалку ќе зависи од надворешното влијание или обидите за мешање во иднина и додаде дека земјите од асоцијацијата се двигатели на глобалниот економски подем и токму во нив главниот раст на глобалниот БДП ќе биде генериран во наредните години.