РКЕ со нова одлука: Од ноќеска на полноќ мазутот ќе се продава по нова цена

31

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 1,295 ден/кг, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 14.10.2024 година и со тоа малопродажната цена на Мазутот М-1 НС изнесува 43,212 ден/кг.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-ЕV) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) не се менуваат, односно остануваат на исто ниво, како што биле утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 14.10.2024 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 78,00 ден/лит, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 80,00 ден/лит, малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 70,50 ден/лит и малопродажната цена на Екстралесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) изнесува 70,50 ден/лит.