Сојузот на стопански комори годинава е добитник на наградата 13 Ноември која традиционално ја доделува Град Скопје од 1955 година.
ССК ја доби оваа награда во чест на остварување на посебен придонесе кон стопанството, односно за манифестацијата Претприемач на годината.
На свеченоста која се одржа по повод одбележување на Денот на ослободување на Скопје, 13 Ноември градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, на сите добитниците од повеќе општествени сфери им додели признанијата.