Нестабилност на берзите во следните неколку недели

90

Следните неколку недели најверојатно ќе останат нестабилни на пазарите на акции, бидејќи инвеститорите внимателно ги следат корпоративните приходи, новите економски податоци и ги чекаат резултатите од изборите во САД, а потоа и состанокот на ФЕД.

Учесниците на пазарот во цената на средствата ја земаат предвид можноста од речиси 90 отсто дека ФЕД ќе ги намали каматните стапки за дополнителни 25 базични поени во ноември.

На Волстрит, најважните индекси вчера забележаа благи промени, додека инвеститорите го следат растот на приносите на американските државни записи и чекаат објавување на новите финансиски извештаи на компаниите за нови насоки.

Вчера индексот Дау Џонс ослабе за само 6,71 поен или 0,02 отсто, со што тргувањето заврши на 42.924 поени. Во исто време, S&P 500 ослабе за 0,05 отсто, на 5.851 поен, додека индексот Nasdaq зајакна за 0,18 отсто, на 18.573 поени.

„Во последните неколку дена, пазарот ги „вари“ движењата на пазарот на државни записи, при што идните приноси значително се зголемија“, рече Џек Јанасиевич, портфолио менаџер во Natixis Investment Managers Solutions.

„Многу се зборува за ревидирање на очекувањата за каматните стапки“
Приносите на 10-годишните американски трезори скокнаа на 4.222 отсто, што е нивно највисоко ниво од 26 јули, бидејќи инвеститорите ги ревидираа своите очекувања за темпото на намалување на каматите на ФЕД.

„Генерално, многу се зборува за ревидирање на очекувањата за каматните стапки и загриженоста дека ФЕД можеби направила грешка со намалувањето на стапките премногу агресивно во септември, а тоа поттикнува распродажба на акциите на глобално ниво“, рече Мајкл Грин, портфолио менаџер во Simplify Asset Management.

Најголемиот поединечен губитник беше GE Aerospace, која падна за девет проценти и покрај зголемувањето на прогнозите за овогодинешниот профит, бидејќи тврдоглавите проблеми со набавките тежат на нејзината заработка. Падот на неговата цена главно влијаеше на намалувањето на секторскиот индекс на индустриските акции за 1,19 отсто.

„За време на сезоната на заработка, често имате ваков вид на нестабилност, но има и зголемена неизвесност за насоката на каматните стапки понатаму“, рече Чак Карлсон, извршен директор на Horizon Investment Services.

На европските берзи вчера паднаа и најважните индекси. Лондонски Ftse индексот ослабе за 0,14 отсто, на 8.306 поени, франкфуртски DAX за 0,2 отсто, на 19.421 поен, а париски CAC за 1,13 отсто, на 7.535 поени.