ММФЦ ги повика земјите да го намалат долгот

24

На крајот од годишниот состанок на претставниците на земјите-членки на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) и Светската банка (СБ), Меѓународниот монетарен и финансиски комитет на ММФ (ММФЦ) ги повика земјите да ја намалат задолженоста и преземаат мерки за забрзување на економскиот раст.

Членовите на ММФЦ и овојпат не успеаја да се договорат за заедничка изјава, а ја објавија изјавата на претседавачот, министерот за финансии на Саудиска Арабија, Мохамед Аљадан. И покрај тоа, тие ја изразија својата посветеност на мултилатералната соработка во промовирањето на просперитетот и соочувањето со заедничките предизвици, пренесува Мина.

На маргините на состанокот на ММФ и Светската банка, министрите и гувернерите на централните банки вознемирено шпекулираа за исходот од претстојните претседателски избори во САД, бидејќи републиканскиот кандидат  Доналд Трамп се заканува дека ќе воведе високи царини, што ќе ја запре меѓународната трговија и со што растот.

Тоа не го споменаа во соопштението, но истакнаа дека глобалниот економски раст е стабилен и оти инфлацијата продолжува да се намалува, иако ризиците се високи. Меѓу нив се и актуелните воени конфликти, кои не беа конкретно споменати

Членовите на ММФЦ ветија дека ќе ги засилат напорите за да се оддалечат од моментално преовладувачкиот контекст на низок раст и висока задолженост, повикаа на фискална политика за зајакнување на тампонот против идните кризи, а монетарната политика треба да продолжи да обезбедува умереност.