Трговската размена меѓу Русија и Кина за првите десет месеци од 2024 година е зголемена за 2,8 отсто на 202,2 милијарди долари

52

Трговскиот промет меѓу Русија и Кина во периодот од јануари до октомври 2024 година е зголемен за 2,8 отсто на годишно ниво, на 202,2 милијарди долари, соопшти Генералната управа на царината на Кина.

Извозот од Русија во Кина во наведениот период е зголемен за 1,1 отсто, на 108,07 милијарди долари, додека испораките од Кина во Русија се зголемени за 4,7 отсто, на 94,14 милијарди долари, пренесува ТАСС. Во октомври трговскиот промет меѓу двете земји изнесува 21,8 милијарди долари, бидејќи вредноста на извозот од Русија е 10,7 милијарди долари, а вредноста на испораките од Кина е 11 милијарди долари.

Трговскиот промет меѓу Русија и Кина се зголеми за 29,3 отсто на годишно ниво во 2022 година, на 190 милијарди долари, а во 2023 година дополнително скокна за 26,3 отсто на рекордни 240,11 милијарди долари. Русија во Кина извезува првенствено енергетски производи како нафта, гас и јаглен, како и метали, дрво, морски плодови и земјоделски производи, пренесува Комерсант.

Кина во Русија извезува најмногу автомобили, компјутери, паметни телефони, играчки и чевли, пренесува Танјуг.