САД: За време на Денот на благодарноста се очекува рекорден број на патници

33

Речиси 80 милиони луѓе ширум САД се очекува да патуваат со авион, копнен транспорт или крстарење оваа година за време на празникот Денот на благодарноста, според Американското здружение за автомобили (ААА).

Годинава се предвидува дека ќе има околу 1,7 милиони патници повеќе во периодот од 26 ноември до 2 декември, во однос на бројот на патници во истиот период лани, пренесува Мина.

Иако недостигот на работна сила и помалку авиони ја ограничија способноста на авиоиндустријата да го зголеми капацитетот за време на празниците во претходните години, се очекува рекорден број Американци да патуваат за време на празничната сезона оваа година.

Американ ерлајнс планира да превезе 8,3 милиони патници од 21 ноември до 3 декември, што е за околу 500.000 патници повеќе од минатата година.

„Делта ер лајнс“ објави дека очекува рекордни 6,5 милиони патници во 12-дневниот период, што е зголемување од пет проценти во однос на минатата година.