Годишната стапка на инфлација во еврозоната во октомври изнесуваше два отсто, додека годишната стапка на инфлација во Европската унија за истиот период изнесуваше 2,3 отсто, објави денеска Евростат.
Годишната стапка на инфлација во еврозоната во септември годинава беше на ниво од 1,7 отсто, а една година претходно таа стапка беше 2,9 отсто.
Годишната стапка на инфлација во Европската унија во септември беше на ниво од 2,1 отсто, додека во претходната година нејзиниот износ беше на ниво од 3,6 отсто.