Избегнете стрес и дополнителни трошоци- УЈП ги повикува даночните обврзници навреме да ги поднесат ДДВ-04 пријавите

48

Управата за јавни приходи ги повикува сите даночни обврзници да ги достават потребните документи до своите сметководители и навремено да ги поднесат ДДВ-04 пријавите за изминатиот даночен период. Крајниот рок за поднесување на ДДВ-04 пријавата е 25-ти ноември 2024 година (понеделник).

Досега, поднесени се само 615 ДДВ пријави од очекуваните 7.399, што претставува само 8,31% од вкупниот број на даночни обврзници. Ова покажува дека значителен број на обврзници сè уште не ја исполниле својата законска обврска.

Управата за јавни приходи апелира до сите даночни обврзници да ги исполнат своите законски обврски навремено, за да избегнат казни и дополнителни финансиски трошоци.

Навременото поднесување на ДДВ-04 пријавата е од исклучителна важност за правилното усогласување со даночните прописи, одржување на финансиската стабилност на бизнисите и за развојот на економијата.

Даночните обврзници кои имаат потреба од дополнителни информации или поддршка можат да се обратат на следниве канали:

Телефонски броеви: Од фиксна линија: 0800 33 000 Од мобилен телефон: 02 3253 200

Управата за јавни приходи и нејзините стручни тимови во секое време можат да обезбедат точни и јасни информации за даночните обврзници со цел успешно исполнување на даночните обврски.