Промени во Надзорниот одбор на Централна кооперативна банка АД Скопје – Христов именуван за нов член

50
Централна кооперативна банка АД Скопје преку Македонската берза информира дека на членот на Надзорниот одбор (НО) на Банката, Георги Димитров Константинов , му престанала функцијата на 24.10.2024 поради поднесена оставка.

Собранието на акционери на Банката, на Вонредна седница одржана на 19.11.2024 година го именуваше Јордан Борисов Христов за нов член на Надзорниот одбор на Централна кооперативна банка АД Скопје.

Јордан Борисов Христов се именува со мандат од 4 години, сметано од денот на добивање на претходна согласност од гувернерот на Народната банка.

За новиот член на Надзорниот одбор се определува надомест за учество во работата на Надзорниот одбор, во износ од денарска противвредност на 1500 евра по среден курс на НБРСМ на денот на исплатата.

Оваа Одлука ќе стапи на сила по добивање претходна согласност од гувернерот на Народната банка.