Швајцарија е загрижена за предлозите на Трамп за зголемување на царинските тарифи

38

Швајцарија изрази загриженост поради предлогот на претседателот на САД Доналд Трамп за зголемување на царинските тарифи и подготвува одговор во случај новата американска администрација да ги реализира овие планови. Трамп најави засилување на агресивната трговска политика за воведуваљње на општа царинска стапка од 10 отсто на увозната стока, а поголеми даноци за увозот од Кина. Овој потег може негативно да влијае на швајцарската економија, која е исклучително ориентирана на извоз, а САД се нивни најголем трговски партнер. Околу една петина од извозот на Швајцарија се реализира во САД.

Портпаролот на Државниот секретаријат за економски прашања на Швајцарија (СЕКО) изјави дека се противат на ваквите планови, а тие ги нарушуваат правилата на меѓународниот трговски систем, кои се од голема важност за швајцарската економија. Од Швајцарија се разгледува „разумен одговор“ , но не се откриваат детали за можните контрамерки, пренесува Бизнис.ба.

Моментално САД има ниски едноцифрени царини на увоз на индустриски производи, додека повеќето производи од Швајцарија се ослободени од царина.

Најголеми „губитници“ од високите американски царини би биле швајцарската фармацевтска индустрија, производителите на машини, апарати , часовници и прехранбени производи, предупредуваат економистите од ЕТХ универзитетот од Цирих.