УЈП: Важно известување за корисниците на МОЈДДВ

188
Управата за јавни приходи апелира до корисниците на апликацијата МојДДВ, да ги ажурираат податоците, односно, да ја внесат личната трансакциска сметка со цел УЈП да може да го реализира повратот на средствата кон корисниците.
Управата за јавни приходи информира дека ажурирање треба да направат само оние корисници кои во изминатиот период направиле промена на својата банка или трансакциска сметка.
 Според евиденцијата на Управата за јавни приходи, 5.487 лица немаат точни податоци за своите трансакциски сметки. Овие лица мора да ги ажурираат своите податоци за да ја добијат исплатата.
Корисниците на МојДДВ кои не правеле промени на банка и имаат точни податоци не треба да менуваат или ажурираат ништо! Вашите податоци се точни и исплатата се реализирана автоматски.
Исплатата на повратот на МојДДВ за третиот квартал 2024 година е при крај!

Законскиот рок за исплата е 30.11.2024 година.
По завршувањето на редовната исплата за третиот квартал, УЈП ќе започне со исплатата и за корисниците кои имале неажурирани податоци во претходните квартали.