Една петтина од глобалното производство на челик оди за амбициозниот проект Neom

Изградбата на револуционерниот град The ​​Line во Саудиска Арабија, дел од амбициозниот проект Neom, влегува во нова фаза на развој.

Овој уникатен урбан концепт, замислен како линија што се протега по пустинскиот пејзаж, претставува пионерски потфат во архитектурата и урбанизмот.

Последните извештаи откриваат дека изградбата е во тек, а во реализацијата на овој футуристички проект долг 170 километри се вклучени реномирани светски компании, пренесува Б92.

Првата фаза од проектот предвидува изградба на дел од градот во должина од 2,4 километри, со висина од 500 метри и ширина од 200 метри.

Овој импресивен простор, кој ќе може да прими до 300.000 жители, е замислен како целосно климатизиран град со одржлива инфраструктура, прилагодена на екстремни пустински услови.

Една петтина од глобалното производство на челик моментално се користи за градежништво, што ги одразува обемот и сложеноста на овој потфат. 

Временската рамка за следните фази сè уште не е прецизирана, но властите на Саудиска Арабија остануваат посветени на реализација на нивната амбициозна визија.

Ангажирани врвни експерти
Некои од водечките светски експерти се одговорни за дизајнот и изградбата. Американската компанија „Генслер“, позната по својата работа на Шангајската кула, беше ангажирана да планира клучна инфраструктура, вклучувајќи јавни простори и транспортни центри.

Покрај The Line, Саудиска Арабија е посветена и на други импресивни проекти, вклучувајќи го луксузниот остров Синдала, одморалиштето Трејам, пустинските облакодери Епикон, како и Мукааб, облакодер од 2 милиони квадратни метри. Овие проекти го потврдуваат статусот на Саудиска Арабија како глобален лидер во футуристичкиот урбанизам.