Гувернерката на Централната банка на Русија: Невработеноста на историски најниско ниво

43

Русија за првпат се соочува со ситуација во која се вклучени сите економски ресурси, објави гувернерката на Централната банка на Русија Елвира Набиулина на пленарната седница на Државната дума, пренесува ТАСС.

Таа истакна дека стапката на невработеност во земјата е само 2,4 отсто, што е историски ниска бројка за Русија.

„Би било тешко да се најде земја во која невработеноста некогаш е толку ниска“, додаде таа.

Набиулина истакна и дека според истражувањето на Централната банка, 73 отсто од компаниите во моментов се соочуваат со недостиг од работници. И покрај намалувањето на достапноста на кредити, недостигот на кадар сè уште е главниот фактор што ги ограничува производните процеси.