Расположението во германската економија се влоши во ноември

28

Во ноември се влоши и расположението во германската економија. Индикаторот за економска клима пресметан од минхенскиот институт за економски истражувања Ifo е намален во однос на октомври од 86,5 поени на 85,7 поени.
Падот е првенствено резултат на проценка на постојната состојба. Германската економија страда, предупреди институтот.

Според истражувањето на Ifo, производствените компании се скептични за ситуацијата во наредните месеци. Сегашната ситуација ја опишуваат како тешка, објави Ifo.

Значително е намалена вредноста на показателите во услужниот сектор. Компаниите ја опишуваат моменталната ситуација како „значително полоша“, а нивните очекувања се исто така песимистички.

Во трговијата, пак, вредноста на индексот повторно се зголеми. Трговците ја опишуваат моменталната ситуација како „подобра“ и се помалку песимисти за иднината. Сепак, според Ifo, расположението меѓу компаниите сè уште е далеку од позитивно.

Во меѓувреме, се влоши и расположението во градежништвото, каде компаниите се незадоволни и од моменталната состојба и од очекувањата за наредните месеци.