Европската комисија ги оспори кинеските царини за увоз на алкохол

11

Европската комисија објави дека официјално ги оспорила привремените антидампинг мерки на Кина за увозот на жестоки пијалоци од ЕУ пред Светската трговска организација, тврдејќи дека Пекинг ги прекршил стандардите отворајќи истрага врз основа на недоволни докази.

Од друга страна, Пекинг извести дека добил покана од ЕУ за консултации, додавајќи дека спорот ќе се реши врз основа на прописите на Светската трговска организација (СТО). Европската комисија објави дека официјално побарала консултации во СТО бидејќи кинеските мерки не се во согласност со прописите на СТО.

„Кина не докажа дека нејзиниот сектор може да претрпи штета и не достави докази за причинско-последична врска помеѓу таа закана и увозот на челик од ЕУ“, додаваат тие.

Во Брисел сметаат дека Пекинг ги прекршил стандардите на СТО со отворање истрага врз основа на недоволни докази, пренесува Хина.