На шега испрати 100 апликации за работа: Не го очекуваше тоа што следуваше

28

Барањето на работа често е задача која бара упорност, време и флексибилност.

Корисник на TikTok откри необична тактика за наоѓање работа. Испратил 100 апликации за работа и добил неочекувани резултати.

Барањето на работа често е задача која бара упорност, време и флексибилност. Сепак, инфлуенсерот Џери Ли со својот експеримент покажа дека креативноста и смелоста можат да донесат неочекувани резултати. Во видеото тој ја сподели својата необична тактика – испратил дури 100 апликации за работа во еден ден, користејќи лажно име и прилично необична биографија.

Уникатна биографија
Ли ги поднесе сите апликации под фиктивното име Kismma D. Nhuhts со цел да тестира колку внимателно работодавците ги следат дојдовните апликации. Покрај класичните податоци, во своето резиме вклучил и некои бизарни работи – на пример, напишал дека неговото куче победило на светското првенство и дека работи со актерка од индустријата за филмови за возрасни.

На негово изненадување, резултатите од неговиот експеримент ги надминаа очекувањата. Во рок од еден ден ја добил првата покана за интервју, а за една недела следувале уште многу одговори: 36 одговори, од кои шест покани за интервју и 30 одбиени.

„Навистина бев изненаден од тоа колку одговори добив за толку кратко време“, рече тој и додаде: „Она што е уште поневеројатно е што никој не забележа ништо необично во резимето“.

Компании и одговори
Ли не сакаше да ги открие имињата на компаниите кои го поканија на интервју, но рече дека една од поканите е од познатиот интернет форум Редит.

Неговиот експеримент брзо стана вирален, а многу луѓе се идентификуваа со неговиот експеримент. Корисниците се пошегуваа дека понекогаш дури и не добиваат автоматски одбивања, а камоли покани за интервју.

Иако неговиот обид не е класичен пример за барање на работа, Ли често споделува совети за создавање ефективна биографија и стратегии за успешна апликација на неговиот профил на TikTok.

Фото: Freepik