Цената на суровата нафта од типот „брент“ следната година се очекува во просек да изнесува 74,53 долари за барел, покажа месечната анкета на „Ројтерс“, бидејќи експертите ја намалија прогнозата за движењето на цената на нафтата седми месец по ред.
Минатиот месец, аналитичарите очекуваа дека цената на нафтата од типот Брент ќе биде просечно 76,61 долари за барел во 2025 година.
Експертите сметаат дека послабиот раст на глобалната побарувачка и доволната понуда на пазарот ќе го неутрализираат влијанието од евентуалното натамошно намалување на производството од страна на картелот ОПЕК плус, додава британската агенција.
Многу аналитичари очекуваат ОПЕК Плус да ги продолжи сегашните намалувања за најмалку еден месец, па дури и за целиот прв квартал од 2025 година, бидејќи глобалните цени на нафтата остануваат ниски.
Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК) и нивните сојузници го одложија состанокот за одлучување за плановите за производство на нафта во првите месеци од 2025 година од 1 до 5 декември.