Трамп го именуваше поранешниот извршен директор на PayPal, Дејвид Сакс, за “ВИ и крипто цар“

Новоизбраниот претседател Доналд Трамп изјави во четвртокот дека го назначува поранешниот главен извршен директор на PayPal, Дејвид Сакс за негов „ВИ и крипто цар на Белата куќа“.

– Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп  соопшти дека Дејвид Сакс ќе стане „Цар за вештачка интелигенција и криптовалути на Белата куќа“.

Трамп на неговата платформа Truth Social ги нарече вештачката интелигенција (ВИ) и криптовалутите „две области клучни за иднината на американската конкурентност“.

“Сакс, кој е човек од доверба на милијардерот Илон Маск, ќе биде задолжен САД да станат јасен лидер на светскиот пазар во бизнисот со вештачка интелигенција и дигитални валути.

Сакс, исто така, ќе биде задолжен за создавање правна рамка за крипто-индустријата за „да ја има јасноста што ја бара и да може да напредува во САД“.

Мултимилијардерот Сакс ќе го предводи и советодавниот одбор на идниот претседател за наука и технологија.

Од победата на Трамп на изборите на 5 ноември, инвеститорите на биткоин слават, бидејќи валутата се искачи од 70,000 долари пред американските избори во ноември на највисоко ниво од над 100,000 долари оваа недела.

Еуфоријата беше поттикната од најавата на Трамп дека ќе го постави застапникот за дигитални валути Пол Аткинс како шеф на моќната американска Комисија за хартии од вредност.

Фото: Pixabay