
Цените на нафтата беа малку променети во денешното тргување во Азија. Прогнозата за побарувачката на црното злато останува слаба, а залихите на нафта во САД скокнаа повеќе од очекуваното.
Утрово цената на барелот на лондонската берза се тргува за 73,72 долари, а раст е забележан и на американскиот пазар, каде барелот чини 70,40 долари.
Цените на двата вида нафта во средата скокнаа за повеќе од еден долар, пренесува новинската агенција Ројтерс.
Групата земји-производители на нафта ОПЕК во средата петти месец по ред ги намали прогнозите за растот на побарувачката на нафта за следната година, а овој пат прогнозираното намалување беше најголемо досега. Во исто време, залихите на нафтени деривати во САД неочекувано пораснаа.
Нафтениот пазар сега внимателно ќе ги следи одлуките на Банката на федерални резерви, која следната недела ќе одлучува за натамошната монетарна политика на САД.
Фото: Pixabay











