Нов мобилен оператор на македонскиот пазар – Групацијата 4иГ и официјално достави писмо за намери до АЕК

Групацијата 4iG, преку својата подружница ОНЕ Македонија Телекомуникации, официјално достави писмо за намери до Агенцијата за електронски комуникации (АЕК), каде го изразува својот интерес за обезбедување на достапни радиофреквенции како дел од планот за влез на телекомуникацискиот пазар како нов оператор во Северна Македонија.

Овој чекор преставува значителна пресвртница во плановите на 4iG за да придонесе во модернизација на телекомуникациската инфраструктура во земјата и да внесе засилена конкуренција во секторот. Во текот на следните месеци, компанијата ќе соработува со AEК за достапноста на радиофреквенциите, да се обезбеди усогласување со регулаторните рамки и да се продолжи со долгорочната стратегија за развој во регионот.

„Среќни сме што и официјално го започнавме влезот на телекомуникацискиот пазар во Северна Македонија“, рече Пал Заранди, директор за мобилни и 5G стратегии во Групацијата 4iG. „Го препознавме потенцијалот на пазарот и уверени сме дека нашето искуство во соседните земји, како што се Албанија и Црна Гора, нè позиционира во насока да даваме најсовремени услуги за клиентите и бизнисите овде. Секогаш кога ќе одлучиме да влеземе на нов пазар, од клучно значење е да имаме и поддршка од регулаторната средина и подобро да ги разбереме локалните услови“, додаде Заранди. „Ангажиравме домашни и меѓународни експерти за да направат сеопфатна анализа на пазарот во Северна Македонија и сигурни сме дека нашиот пристап ќе донесе додадена вредност во секторот.”

4iG, една од најистакнатите унгарски ИКТ и телекомуникациски компании, вработува над 8. 000 висококвалификувани професионалци и опслужува над 10 милиони конекции во регионите каде што е присутна. Групацијата е позната по својот иновативен пристап и сигурни решенија. Како компанија е посветена на воведување напредни технологии како што се 5G, IoT и инфраструктура управувана од вештачка интелигенција, што ќе го отвори патот Северна Македонија да стане земја со подобра мрежа и поголема компетитивност.

„Нашето истражување на пазарот покажа големи можности поради достапноста на опсегот на фреквенции и секако поради поддршката од регулаторната средина“, додаде Заранди. „Достапноста на фреквенцијата е од суштинско значење за градење на мрежата и среќни сме што соработуваме и со локални и со меѓународни експерти за да имплементираме решенија од коишто ќе имаат корист сите во Северна Македонија“.

Проширувањето на Групацијата 4iG во Северна Македонија е дел од пошироката стратегија на компанијата за подобрување на телекомуникациската инфраструктура во регионот, притоа создавајќи значителна економска и технолошка вредност. Овој чекор е усогласен со посветеноста на Групацијата за поттикнување иновации, следење на локалните регулативи и обезбедување исклучителни услуги.