Италијанската банка Уникредит денеска објави дека го зголемила своето учество во германската Комерцбанка на приближно 28 отсто, од кои 9,5 отсто преку директно учество и околу 18,5 отсто преку деривативни финансиски инструменти.
Потегот на Уникредит „е во согласност со претходно наведената цел за постигнување удел од 29,9 отсто“ во Комерцбанка, се додава во соопштението.
Процесот за добивање регулаторна дозвола за поседување на 29,9 отсто од Комерцбанка е веќе активиран, што ќе му овозможи на Уникредит да ги претвори своите деривати во акции.
Фото: Pixabay