Фармацевтски гигант затвора филијали

Фармацевтскиот гигант Novartis во ноември одлучи да ги затвори филијалите на својата компанија MorphoSys во Германија и во САД до крајот на 2025 година и да ги интегрира сите активности, по што би можеле да бидат изгубени 330 работни места, објави  весникот „WirtschaftsWoche“.

Novartis го купи MorphoSys претходно оваа година за 2,7 милијарди евра, а со оваа аквизиција корпорацијата со седиште во Базел очекуваше да добие пристап до pelabresib, третман за миелофиброза, потенцијално фатална хронична болест на коскената срцевина, пренесува Swissinfo.

Сепак, неодамна постоеше неизвесност во однос на ефикасноста и безбедноста на овој перспективен лек, пишува германскиот весник.