Израел бележи раст на странските инвестиции и покрај војните во Газа и Либан кои создаваат несигурна средина за инвеститорите, се вели во извештајот објавен денеска од тамошното Министерство за финансии.
Според прелиминарните податоци за првата половина на 2024 година, вредноста на странските инвестиции во Израел изнесува 11,8 милијарди долари, што е за 15 отсто повеќе во споредба со истиот период лани.
Гледано во квартали, странските инвеститори инвестирале 4,4 милијарди долари во Израел во првиот квартал од 2024 година, склучувајќи 460 зделки, а во вториот квартал 7,4 милијарди долари со 450 склучени зделки, пишува The Times of Israel.