„Газпром“ ги одредува извозните цени на гасот за 2025 година под сегашните цени во Европа и Азија

При планирањето на буџетот за следната година, компанијата Газпром ќе ги одреди цените за извоз на гас под сегашните во Европа и Азија, како и просечните пазарни цени за 2024 година, изјави  заменик генералниот директор на рускиот гасен холдинг Фамил Садигов.
Тој посочи дека клучните параметри на буџетот за следната година се базираат на прогнозата на макроекономските показатели на руското Министерство за економски развој, пренесе ТАСС.

„Бевме ригорозни во одредувањето на цените за извоз на гас“, рече тој.

Тој додаде дека таквиот пристап ќе ѝ овозможи на компанијата да ги постигне своите цели и во неповолна ценовна ситуација.

Бордот на директори на Газпром ја одобри инвестициската програма и буџетот за следната година, а нема да има значителни промени во структурата на капиталните расходи, па така во 2025 година значителен дел од средствата ќе продолжи да се издвојува за реализација на приоритетните програми за поддршка за испорака на гас на домашниот пазар, како и за извоз.