Достигнувајќи 1,4 трилиони долари оваа година, пазарната капитализација на производителот на електрични автомобили Тесла е далеку пред другите производители на автомобили ширум светот.
Вкупната пазарна капитализација на 52-те главни играчи во автомобилскиот бизнис изнесуваше 2,8 трилиони долари оваа година, според собраните податоци објавени од Anadolu Agency.
По Tesla, Toyota беше вториот најголем производител на автомобили во светот со пазарна капитализација од 237,6 милијарди долари. Следеа кинеските BYD и Xiaomi со пазарна капитализација од 110,7 милијарди долари и 102,5 милијарди долари, додека италијанскиот бренд за луксузни автомобили Ферари имаше 77 милијарди долари.
Американскиот производител на автомобили Џенерал Моторс годинава забележа пазарна капитализација од 57,8 милијарди долари, а потоа следат германските производители на автомобили Порше со 55 милијарди долари, Мерцедес-Бенц со 52,8 милијарди долари, БМВ со 49,1 милијарди долари и Фолксваген со 45,4 милијарди долари.
Други значајни производители на автомобили со пазарна капитализација од над 1 милијарда долари беа Honda, Mahindra & Mahindra, Maruti Suzuki, Ford, Stellantis, Hyundai, Tata Motors, SAIC Motor, Kia и Seres Group.