Делчо Крастев, Извршен директор и Член на Управен одбор на УНИБанка АД Скопје
Денес, времето е најважниот ресурс, а брзината, сигурноста и ефикасноста во реализацијата на финансиските и банкарските операции е нешто што е од искучителна важност. Дигиталното банкарство има се поголемо влијание и од банките се очекува понуда на иновативни продукти и решенија кои го олеснуваат животот. Традиционалното банкарство е зад нас, а стабилноста и сигурноста на банките останува еден од условите за стекнување доверба. УНИБанка АД Скопје е успешен пример на финансиска институција која има напредни дигитални решенија, банка на која граѓаните и веруваат и која во континуитет расте во сите банкарски сегменти. За идните трендови и очекувања во банкарскиот сектор во земјава, разговараме со г. Делчо Крастев, Извршен директор и Член на Управен одбор на УНИБанка АД Скопје.
УНИБанка заклучно со третиот квартал од 2024 година оствари позитивни финансиски резултати. Со какви резултати очекувате да ја завршите годината, дали истата беше успешна за вас?
Во 2024 година, УНИБанка оствари значителен напредок и успешни резултати. Со воведување на иновативни продукти и реализација на бројни проекти, Банката остави силен впечаток и влијание во сите области на своето делување. Реализиран е раст во кредитниот пласман, зголемување на штедењето и раст на бројот на корисниците на дигиталните услуги.
Во декември, УНИБанка го прошири својот асортиман на продукти од благородни метали, со што досегашната успешна продажба на инвестициско злато ја надополнивме со нов продукт– инвестициско сребро. Ова им овозможи на инвеститорите да имаат дополнителен инструмент за инвестирање на своите слободни средства.
Особено нè радува фактот што денес УНИБанка е препознаена како сигурна, динамична и современа банка, посакуван партнер за соработка од страна на населението и компаниите. Нивната доверба и лојалност се наш најголем успех, а ние ќе продолжиме да се стремиме да ја оправдаме и зајакнуваме во иднина.
Штедењето во банка е темелот на финансиската сигурност на граѓаните. Како штедат македонските граѓани, односно која валута им е најомилена?
Во најголем дел граѓаните штедат во денари, што е разбирливо бидејќи каматните стапки за влог во денари се највисоки, а имаме стабилна монетарна политика и релативно контролирана инфлација.
Во УНИБанка постојат штедни опции кои се прилагодени на различни финансиски потреби. Може да се започне со штедење со минимален износ, кој понатаму може да се надополнува и да се искористи растечка каматна стапка дури до 5%. Тоа го овозможува продуктот Умна депозитна сметка, со која можете да ја прилагодите заштедата на Вашите потреби и можности, а минималниот износ на депозитот е само 15.000 МКД денари.
Во делот на правните лица, она по што се издвојуваме на пазарот се златниот бизнис депозит и екстра платежната сметка. Златниот бизнис депозит кој покрај тоа што обезбедува висока фиксна каматна стапка, носи и подарок инвестициско злато, додека екстра платежната сметка овозможува брзо оплодување на слободните средства од платежната сметка.
Сите депозитни продукти на УНИБанка се со атрактивни каматни стапки достапни за клиентите во согласност со нивните потреби.
За што најмногу бараа кредити компаниите изминатиов период?
Компаниите се заинтересирани за кредити за инвестиции во градежништвото, во инфраструктурни проекти, за обновување на опрема, намалување на тековни трошоци за електрична енергија и обртни средства за потребите на бизнисот.
Конкурентните кредитни услови што ги понудивме оваа година, атрактивните каматни стапки и брзината на процедурите доведоа до значителен раст на кредитирањето. Посебно би ги издвоил супербрзите бизнис кредити на УНИБанка, кои се одликуваат со одлична каматна стапка и претставуваат брза и ефикасна поддршка за перспективни бизнис планови. Овие кредити се без трошоци за одобрување и овозможуваат флексибилно искористување на средствата во согласност со потребите на бизнисот. Тие имаат значаен придонес за развојот на локалната економија, поддршка на бизнисите и поттикнување на отворањето нови работни места.
УНИБанка верува во континуиран раст и развој, обезбедувајќи финансиска поддршка за компании од сите сегменти.
Во колкава мера ги прифаќаат и ги користат придобивките од дигитализацијата вашите клиенти, каде има најголем напредок во тој поглед, а каде сè уште треба едукација и информираност? Колку прифаќаат услуги кои се прилагодени на она што се смета за модерна банкарска услуга?
Улогата на дигитализацијата е да обезбеди заштеда на време, како и поголема сигурност и безбедност во управувањето со средствата со минимален надомест. Нашите клиенти сè повеќе се свесни за промените, за што сведочи растот на бројот на корисници на дигиталните услуги. Овој тренд очекуваме да продолжи и во иднина. Со мобилното банкарство луѓето само со еден клик на својот мобилен телефон добиваат многу информации и извршуваат повеќе банкарски операции.
За правните лица, позитивно клиентско искуство се електронското банкарство, како и е-пакетите кои овозможуваат многу поволности и можности. Компаниите не само што ги прифатиле како услуги, туку заштедуваат и ја користат удобноста, ефикасноста и сигурноста во нивното редовно работење.
Преку дигиталните услуги на УНИБанка, клиентите не зависат од работното време на експозитурите на Банката. Тие се дизајнирани да ги задоволат потребите на современите, динамични корисници кои сакаат брз и сигурен пристап до своите финансии. Во тој поглед ние и во иднина ќе воведуваме иновации, подобрувања на постојните решенија и секако ќе продолжиме со финансиска едукација.
Како УНИБанка ја оценува стабилноста на банкарскиот сектор. Кои се Вашите очекувања за движењето на каматните стапки на кредитните/депозитните продукти во 2025 година?
Нашите банки се стабилни, ликвидни и влеваат сигурност. Се модернизираат, дигитализираат и ги следат европските трендови. Во земјава тие се фактор за поттикнување економски раст и обезбедување просперитет кај правните лица и граѓаните.
УНИБанка е дел од оваа економија и секако актуелните случување влијаат и на нашите одлуки за позиционирање на каматните стапки, прилагодени во интерес на компаниите и граѓаните.
Секако треба да се земе во предвид влијанието на макроекономските случувања и тенденциите кои пристигнуваат од странските пазари за намалувањето на каматните стапки во првата половина на 2025 година сè со цел стимулирање на поголем економски раст.
УНИБанка е препознаена како општествено одговорна институција. Кои активности на тој план ве прават особено горди?
Општествено одговорното делување е наша стратегиска определба и ние на ова поле постојано ќе бидеме активни. Грижата за локалната заедница, за животната средина, поддршката на спортот и културата се секогаш високо на листата на нашите приоритети. Во 2024 реализиравме активности како за нашите вработени, така и за пошироката заедница, поттикнувајќи солидарност, инклузија и поддршка.
Би ја истакнал континуираната поддршка на повеќе спортски федерации и клубови во областа на тенисот, скијањето, кошарката, шахот, пливањето, велосипедизамот. Се гордееме со нашиот силен придонес кон поттикнување и охрабрување што повеќе деца и млади да спортуваат и градат здрави навики. Веруваме во позитивни општествени промени и обезбедување еднакви можности за сите.
Оваа година ставивме во функција две фотоволтаични централи на нашата управна зграда, како и на зградата на архивата на Банката, со која инвестиција очекуваме намалување на емисијата на штетни гасови CO2 за околу 48.000 кг на годишно ниво и заштеди на електрична енергија во следните 20 години.
УНИБанка АД Скопје е пример за компанија која се грижи за заедницата, и тоа ќе биде така и во иднина.
Врз што ќе се темели идниот раст и развој на УНИБанка? Какви се плановите за понатаму? Какви нови услуги/продукти подготвувате, кој е главниот фокус?
Да бидеме дигитална банка и за нашите клиенти да обезбедиме дополнителни придобивки и позитивно корисничко искуство. Да охрабриме што повеќе корисници да ги користат нашите дигитални услуги, како нешто корисно и од нивен долгорочен интерес.
Во фокус ќе ни биде лојалноста и довербата на нашите клиенти. Да бидеме лидер во воведувањето иновации кои го олеснуваат управувањето со финансиите. Да го поттикнеме користењето на овие технологии бидејќи тие ги поедноставуваат банкарските операции, а истовремено обезбедуваат зголемена безбедност и флексибилност.
Имаме одличен тим на вработени, кои се врвни професионалци, посветени и вредни индивидуи и јасна стратегија за раст и развој, што севкупно придонесува за изградениот имиџ на врвна и иновативна банкарска институција. Банка која го обезбедува најдоброто за своите корисници и истовремено ги цени и почитува сите свои клиенти, партнери, соработници и вработени.