Еврото најслабо од ноември 2022 година

Доларот продолжува да расте и во новата година.
Еврото се лизна на 1,0234 долари во првите денови од новата година, што е најниско од ноември 2022 година.

Цените на нафтата значително закрепнаа на неделна основа, при што Брент порасна за речиси четири отсто и го достигна највисокото ниво во последните два месеци.

Нешто на сметка на студеното време во Европа, а помогнаа и новонајавените кинески стимулативни мерки. Тамошната централна банка најавува ново намалување на основната каматна стапка (моментално 1,5 отсто), а Владата презема дополнителни мерки за стимулирање на економијата.