ЕК работи исплатата на предфинасирањето за Македонија да се случи што е можно поскоро

Се работи на тоа исплатата на средствата од предфинасирањето за Северна Македонија во рамки на Планот за раст за Западниот Балкан да се случи што е можно поскоро, изјави за МИА портпарол на Европската комисија.

Службите на Комисијата го добија барањето за предфинансирање поднесено од Северна Македонија и сега ги финализираат процедуралните чекори, кои треба да овозможат ослободувањето на предфинансирањето да се случи што е можно поскоро во 2025 година, изјави портпаролот.

Тој потсети дека Реформската агенда, која опфаќа реформи во областа на основните права и социо-економски реформи, земјава ги поднесе лани во јули, по што Еврокомисијата оцени и заклучи дека таа е во согласност со целите и барањата на Инструментот за реформи и раст за Западниот Балкан.