Граѓаните повикуваат на бојкот на маркетите на 31 јануари

Од утрово на социјалните мрежи се шират повици граѓаните во петок, на 31 јануари, да се воздржат од купување и користење услуги во маркетите.

Стоп за високите цени на храната по маркетите, стоп за огромниот профит на поединци врз грбот на народот.
Граѓаните се повикуваат на последниот ден од месец јануари да не купуваат ништо со цел да се изврши притисок и врз трговците.

Пораки за бојкот на маркетите во Македонија поради високите цени на производите осамнаа на социјалните мрежи, по примерот на Хрватска и Црна Гора.

Минатиот петок во Хрватска, граѓаните организираа масовен протест, изразувајќи незадоволство од високите трошоци за живот, а овој бојкот ја намали продажбата во макретите за 50 отсто во еден ден. По нив ваква иницијатива се појави и во БиХ и во Црна Гора.