Германската автомобилска индустрија е загрижена за нејзината конкурентност на глобалните пазари

Германската автомобилска индустрија е загрижена за својата конкурентност на глобалните пазари и расположението во овој сектор од економијата дополнително се влоши, се вели во извештајот за јануари објавен денеска од минхенскиот институт за економски истражувања ИФО.

Индикаторот за мерење на деловното расположение во германската автомобилска индустрија падна од минус 35 поени во декември на минус 40,7 поени.

Вредноста на индикаторот што ја оценува тековната деловна состојба падна од минус 32,6 поени на минус 39,1 поени, а вредноста на индексот што ги мери деловните очекувања на компаниите во претстојниот шестмесечен период од минус 37,3 поени на минус 42,3 поени.