Доларот слабее, цената на нафтата паѓа

На девизните пазари вредноста на доларот во однос на кошницата валути благо падна по коментарите на Пауел.

Индексот на доларот, кој ја покажува вредноста на американскиот долар во однос на другите шест најважни светски валути, утринава се движи околу 108,05 поени, додека вчера во овој момент изнесуваше 108,35 поени.

Курсот на доларот во однос на јапонската валута се зголеми од вчерашните 151,70 на 153,55 јени.

Сепак, американската валута ослабна во однос на европската, па цената на еврото се лизна на 1,0360 долари, додека вчера во овој момент изнесуваше 1,0300 долари.

Цените на нафтата сепак загубија дел од вчерашните добивки. Цената на барелот на лондонскиот пазар утрово падна за 0,42 отсто, на 76,70 долари, додека на американскиот пазар барелот поевтини за 0,48 отсто, на 72,95 долари.