![coins-8450635_640](https://biznisinfo.mk/wp-content/uploads/2025/02/coins-8450635_640.jpg)
Европските берзански индекси денеска се мешани, цените на нафтата, златото и пченицата растат, додека пазарите го чекаат извештајот за продажбата на мало во САД кој ќе биде објавен во 14 часот и 30 минути.
Индексот на Франкфуртската берза DAX во 9:30 часот падна на 22.529,28 поени, британскиот FTSE 100 на 8.736,54 поени, додека францускиот CAC 40 се искачи на 8.171,09 поени, а московскиот MOEX на 3.279,49 поени.
Многу европски индекси вчера достигнаа рекордни високи по веста за најавената средба меѓу американскиот и рускиот претседател Доналд Трамп и Владимир Путин, што може да биде увертира за завршување на војната во Украина, објавија медиумите.
Според сегашните берзански податоци, цената на суровата нафта се искачи на 71.632 долари, а на нафтата од типот брент на 75.449 долари.
Европските фјучерси на гас за март се тргуваа на отворањето на берзата ТТФ по цена од 50.450 евра за мегават-час. Цената на златото порасна на 2.936,22 долари за унца, а на пченицата на 5,8525 долари за бушел (бушел е 27,216 кг).
Вредноста на еврото во однос на доларот на берзата Forex изнесува 1,04739, што е приближно исто како во четвртокот, пренесува Танјуг.