Економското расположение во еврозоната е најдобро во последните пет месеци

Економското расположение во еврозоната е најдобро во последните пет месеци, покажува истражувањето на Европската комисија за февруари објавено денеска.

Индикаторот за економско расположение (ESI) на еврозоната се зголеми во февруари од 95,3 поени во јануари на 96,3 поени, се додава во извештајот.

Производителите на индустриски стоки, како и потрошувачите во еврозоната, беа нешто помалку песимисти отколку во јануари, додека негативното расположение сè уште е присутно во секторите на услуги и малопродажба.