
Напредокот на кинеската апликација за вештачка интелигенција (AI) DeepSeek го одразува подемот на кинеските компании на терен, изјави денеска претставникот на кинескиот парламент Лу Чинјан.
Одговарајќи на прашање за напредокот на Кина во вештачката интелигенција, Лу рече дека она што го постигна младиот тим на кинескиот стартап за вештачка интелигенција DeepSeek е „за пофалба“, пренесува Ројтерс.
Тој додаде дека „DeepSeek се придржува до пристапот со отворен код и ја промовира широката примена на технологијата за вештачка интелигенција на глобално ниво“ и дека „преку подемот на компании како DeepSeek, можеме да ја видиме иновативноста и инклузивноста на технолошкиот развој на Кина“.











