Apple го потврди лансирањето iPhone 5 на 12 септември

37

Apple потврди дека на 12 септември ќе одржи настан и умешно најави дека на настанот ќе го промовираат iPhone5.  Со тоа, компанијата од Купертино го потврди она што се шпекулираше повеќе недели – информацијата дека ќе биде претставен новиот смартфон.

Дел од шпекулациите во кои често се појавуваше датумот 12 септември, покрај промоцијата на iPhone 5 сугерираа и мини верзија на iPad, но засега нема официјални информации во врска со тоа.

Настанот ќе се одржи во Центарот на Уметноста „Јерба Буена“ во Сан Франциско.