Голем интерес кај компаниите – Префрлени 84 милиони евра од унгарскиот кредит во Македонската развојна банка

Министерката за финансии, Гордана Димитриоска Кочовска, објави дека вкупно 84 милиони евра од унгарскиот заем се префрлени на Македонската развојна банка. Таа исто така истакна дека побарувачката од претпријатијата е значително повисока од предвиденото.

Според нејзината денешна изјава, апликации за средства пристигнуваат од сите индустрии.

” Интересот кај компаниите е голем, очекуваме да бидат исцрпени предвидените 250 милиони евра, истакна Димитриоска Кочовска, одговорајќи на новинарски прашања по одбележувањето на Денот на Царината.“