Благо зголемување на продажбата на дрво за 1,6 отсто во третото тримесечје

Според податоците на Државниот завод за статистика во третото тримесечје од 2026 година, вкупното производство на шумски сортименти во државните шуми бележи зголемување од 4.8 % во однос на истото тримесечје од претходната година

Во третото тримесечје од 2026 година, вкупното производство на шумски сортименти во државните шуми изнесува 146 000 м3, што претставува зголемување од 4.8 % во споредба со истото тримесечје од 2025 година.

Зголемување на производството е забележано единствено кај трупците, и тоа за 40.4 %, додека кај сите останати видови шумски сортименти е забележано намалување.

Во истиот период, вкупната продажба на шумски сортименти изнесува 147 490 м3 и бележи зголемување од 1.6 %.

Производство на шумски производи:

  • Огревно дрво    103 892 м3
  • Трупци                40 650 м3