
Возач на автобус во Јапонија со 29 години стаж остана без отпремнина од 73.000 евра за пензија бидејќи украл шест евра пари дадени за картa во автобус.
Градот Кјото го отпушти возачот, чие име не е објавено, откако тој беше фатен на безбедносната камера на неговиот автобус како проневери шест евра (1.000 јени) во 2022 година, пишува Фигаро.
Тој инцидент се случил кога група од пет патници се качиле во автобусот и им наплатил 1.150 јени. Возачот побарал од групата да стават 150 јени во монети во кутијата за билет и лично зел банкнота од 1.000 јени (шест евра) која не ја пријавил.
Иако снимен, возачот на автобусот, кој, како што е наведено во судската пресуда, повеќе пати добивал опомена за разни инциденти, при разговорот со претпоставените се обидел да ги демантира фактите.
Возачот го тужеше градот откако му беше одбиена отпремнина од повеќе од 73.000 евра (над 12 милиони јени).
Првостепено осудениот, во жалбената постапка првично му беше укината казната, а судот оцени дека казната е прекумерна.
Сепак, Врховниот суд пресуди во корист на градот и ја потврди првичната пресуда, истакнувајќи дека неговото однесување може да ја загрози довербата на јавноста во системот и правилното управување со автобуските услуги.