
Холандската групација „Ингка“, која управува со поголемиот дел од продавниците за мебел „ИКЕА“ низ целиот свет, денес објави дека нејзините приходи се намалиле трета година по ред, а компанијата соопшти дека ќе ја промени својата стратегија, ќе се фокусира повеќе на градските центри и наскоро ќе отвори голема продавница во Менхетен во Њујорк.
Приходите од продажба во финансиската 2026 година, која заврши на 31 август, изнесуваа 38,8 милијарди евра, во споредба со 39 милијарди евра една година претходно, објави „Ројтерс“.
Нето добивката се зголеми на 1,9 милијарди евра, од 1,4 милијарди евра во претходната финансиска година, првенствено благодарение на продажбата на три трговски центри во Кина.











