
Работниците во погоните на американскиот производител на возила Форд во градот Келн, во западна Германија, ќе започнат штрајк, првпат во нивната историја, во знак на револт поради најавените редукции на работни позиции, извести денес синдикатот IG Metall.
Персоналот во двете фабрики, чии темели се поставени во 1930 година, треба да ја прекине работата од среда наутро, а бојкотот ќе трае до завршувањето на ноќната тура во четврток наутро, велат од синдикатот.
Дирекцијата планира да укине 2.900 работни места до 2027 година на локацијата, која го опфаќа и европското седиште на Форд и вработува вкупно 11.500 лица.
Синдикалците ги обвинуваат лидерите на Форд дека оперираат без јасна стратегија и на тој начин го доведуваат во ризик идното опстојување на германската филијала на Форд.
Преговорите меѓу двете страни се во ќорсокак, што резултираше со гласање на IG Metall за работниците за првпат минатата седмица. Вкупно 93,5 проценти од членовите на синдикатот гласаа за индустриска акција со цел да се зголеми притисокот врз менаџментот.
Сепак, можностите на раководството на германската подружница на Форд се ограничени, бидејќи компанијата во суштина зависи од нејзината главна компанија во САД.
Европската филијала на Форд веќе подолго време бележи финансиски загуби, а производството на Форд Фиеста, мало возило произведено во Келн, беше стопирано во 2023 година.
“Работниците во фабриките на американскиот производител на автомобили Форд во западногерманскиот град Келн ќе штрајкуваат за прв пат во историјата во знак на протест против планираните намалувања на работни места”, соопшти денеска синдикатот IG Metall.














